ЗДРУЖЕНИЈАТА СЕ КЛУЧНИ ВО ГРАДЕЊЕТО ЛОКАЛНИ ПОЛИТИКИ Димитриевски се сретна со граѓанските организации
На средбата било разговарано за локалните проблеми и важноста од вклученост на граѓанските организации во подобрувањето на состојбите во Куманово.
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, денеска се сретнаа со претставници од граѓанските организации, хуманитарно здружение Мајка, Здружение Цивис, Коло српских сестара, Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, Порака наша, Доверба, ЦРЗ ДРОМ и ПР агенција Биди своја.
Било разговарано за локалните проблеми и важноста од вклученост на граѓанските организации во подобрувањето на состојбите во Куманово.
– Граѓанскиот сектор е двигател на општествените промени. Здруженијата на граѓани имаат значајна улога во креирањето на локални политики и затоа тие треба да се главен партнер во градење на позитивни промени на локално и национално ниво – порача Димитриевски.