ВАКЦИНА ПРОТИВ ГРИП НА БАЗА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА mRNA Истражување на Фајзер

Грипот и натаму е подрачје на медицината во кое гледаме потреба за унапредување на вакцините, што би можело да ја подобри нивната ефикасност без оглед на сезоната, а веруваме дека mRNA е идеална технологија за спроведување на таквиот предизвик, вели Катрин Јансен, водач на истражувањето на вакцини на Фајзер.

403

Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека почнала клиничко испитување во рамките на кое ќе ја тестира вакцината против грип користејќи ја истата технологија на гласничка рибонуклеинска киселина (mRNA) која стои зад нејзината успешна вакцина против ковид-19.

Цел на научниците е да ја подобрат постоечката генерација на вакцини против грип, чија ефикасност е помеѓу 40 и 60 отсто во борбата против болеста, која може да предизвика и до 650.000 смртни случаи годишно.






– Пандемијата на ковид-19 ни овозможи да ги примениме големите научни потенцијали на технологијата на mRNA – вели Катрин Јансен, водач на истражувањето на вакцини на Фајзер.

-Грипот и натаму е подрачје на медицината во кое гледаме потреба за унапредување на вакцините, што би можело да ја подобри нивната ефикасност без оглед на сезоната, а веруваме дека mRNA е идеална технологија за спроведување на таквиот предизвик.

Во рамките на раната фаза од студијата ќе бидат ангажирани повеќое д 600 Американци на возраст од 65 до 85 години, пишува на интернет страницата на компанијата на која се објавени податоците за истражувањето.

Конкретно, научниците од Фајзер сакаат да ја споредат безбедноста и степенот на имунолошките реакции на организмот на вакцината на база на mRNA за новонастанатите рекомбинирани вируси на грип во различни количини во однос на досегашната конвенционална лиценцирана вакцина за четирикратно рекомбиниран вирус.

Вообичаените сезонски вакцини против грип вообичаено се прават со негување на вируси во кокошкини јајца или во клетки на цицачи.

Вирусите се инактивираат и се обработуваат за да станат вакцини. Тој процес е полн со предизвици, а еден од нив е производство на вакцина која предизвикува силен одговор и следење на промените на вирусот. Кога станува збор за вакцината за следната сезона на грип, научниците мора да ги предвидат најдобрите сличности шест месеци претходно.

Предност на технологијата на гласничката рибонуклеинска киселина е во тоа дека и треба само генскиот след на вирусот или на негов одреден дел, што овозможува побрзо и пофлексибилно производство на вакцини.

Научниците од Фајзер работат на вакцина против грип на база на mRNA уште од 2018 година во соработка со германскиот партнер Бионтек.

Фајзер планира да истражува вакцини на база на гласничка RNA и во борбата против останатите респираторни вируси, но и за рак и за генетски болести.

Поврзани содржини