И ЗАЕВ НЕ ОСТАНА БЕЗ ХУМОР ВО ГОВОРОТ ВО БИТОЛА Наместо „вози Мишко“, „кочи Мицко!“
Лидерот на СДСМ со сцена од познат филм го спореди однесувањето на лидерот на опозицијата.
И лидерот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг од изборната кампања во Битола како и неговиот противник лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го почна говорот со хумот.
Тој однесувањето на Мицкоски до спореди со сцена од филмот „Кој тоа таму пее (Ко то тамо пева)“.
– Политичкиот татко од Будимпешта му вели на својот послушен син од овде, кочи Мицко, а овој кочи ли кочи, па поради врзаните очи, не може да види какви штети им нанесува на граѓаните. Поради тоа, кочничарите ќе доживеат пораз на 17-ти октомври. Нема ништо што ќе не сопре. Одиме напред. Кутриот Мицкоски нема став, ниту по едно прашање – рече Заев.