ЗАКАНА ЗА ТУРЦИЈА Ердоган откри што очекува од Русија

Сирискиот режим (претседателот Башар Асад) всушност претставува закана за јужните делови на нашата земја. Очекувам солидарност и поинаков пристап кон Сирија од Русија, како пријателска земја, рече Ердоган.

614

Пред претстојната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Сочи, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека очекува „поинаков пристап од Русија кон Сирија“.

– Сирискиот режим (претседателот Башар Асад) всушност претставува закана за јужните делови на нашата земја. Очекувам солидарност и поинаков пристап кон Сирија од Русија, како пријателска земја – рече Ердоган.






Тој додаде дека „постојат сериозни очекувања од преговорите со Путин за Сирија“.

Тој, исто така, истакна дека „Анкара се стреми да ги подигне билатералните односи со Русија на квалитативно ново ниво“.

Лидерите на Русија, Владимир Путин и Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе се сретнат на 29 септември во Сочи. Како што прецизираше турскиот претседател, тој, меѓу другото, ќе разговара со Путин за „руско-турските односи и ситуацијата во Сирија“.

Во таа насока, тој додаде дека смета на фактот дека по средбата со неговиот руски колега, „ќе се донесе важна одлука“ од аспект на билатералните односи, кои потоа „ќе влезат во поактивна фаза“.

Поврзани содржини