МА КАКВА ФРАНЦИЈА, МИ ТРЕБААТ ЈАПОНИЈА И ИНДИЈА Бајден пак прави нов пакт против Кина, се вика КУАД
Една од поважните теми на денешната средба секако ќе биде прашањето за Тајван. Во последните години, Пекинг презеде воена акција околу островот, кој веќе седум децении е независен од Кина, барем на хартија. Но, кинеските власти го сметаат Тајван, каде живеат околу 24 милиони луѓе, како неразделен дел од кинеската територија, иако немаат контрола над островот.
Нов пакт меѓу САД, Јапонија, Индија и Австралија повторно ги изненади старите сојузници, а веројатно ќе им годи на новите за да се создаде „отворен Инфо-Пацифик“ и „независен Тајван“ против наездите на Кина, пренесува Јутарни. Изиграна ли беше пак Франција, откако само пред недела дена Австралија одби да ги купи нејзините подморници? А Велика Британија, која само што потпиша посебен пакт со САД под името АУКУС за истата цел?
КУАД, или Квадрилатералниот безбедносен дијалог е идеја која била предложена уште во 2007 година, но мораше да мирува цела деценија. Во сенка на препирките меѓу Франција и ЕУ, меѓу Англија и САД која е збунета од новиот пакт, се случува можеби еден од најважните моменти за иднината на американското влијание во Азија. Бајден во моментов е во Белата куќа на средба со јапонскиот премиер Јошихидо Суг, индискиот лидер Нарендра Моди и Скот Морисон – премиерот на Австралија.
Четири земји кои нејќат да се шири кинеското влијание
Средбата на четирите земји се одржува во време на големи промени во американската политика кон Азија. Администрацијата на Бајден презема потези за зајакнување на дипломатските врски во областа, Јапонија е многу загрижена за зајакнување на кинеската воена моќ, а учеството на Австралија во воениот пакт АУКУС со САД и Обединетото Кралство исто така се гледа во светлината на зајакнувањето на Западот за да се намали кинеската влијание во тој дел од светот.
– КУАД не е азиско НАТО, туку може да се каже дека се движи во насока на заеднички пристап кон безбедноста на регионот – вели воениот аналитичар Малколм Дејвис од Австралија.

Кина ѝ го ограничи увозот на стоки на Австралија
Прв кој ја вратил идејата за КУАД на масата, бил поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Во негово време стануваше сè појасно дека Кина станува економска и воена суперсила. Меѓутоа, минатиот април, односите меѓу Кина и Австралија, кои бараа истрага за потеклото на пандемијата, се затегнаа.
Пекинг одговори со ограничувања за увоз на стоки од Австралија. Во меѓувреме, односите меѓу Кина и САД беа дополнително затегнати, а администрацијата на Бајден ја продолжи политиката на Трамп кон Кина, гледајќи на забрната на увозот како геополитичка и економска закана. Австралијците ги поздравија ставовите на Бајден со ентузијазам и се приклучија на воениот пакт АУКУС, во кој три нации ќе разменуваат воени информации и технологија со цел одбрана и подобра соработка.
Јапонија ќе го брани својот дел од Источното Кинеско Море
Јапонија исто така го поздрави поголемо вклучување на САД во регионот. Во раните денови на владеењето на Си Џинпинг во Кина, Јапонија се обиде да ги загрее односите со таа земја, но се чини дека тие сè повеќе се заситија од нивната политика, пишува Си-Ен-Ен. Телевизијата исто така посочува дека минатиот октомври, јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши даде невообичаено моќно интервју, велејќи дека Јапонија „одлучно ќе ја брани“ својата територија во Источното Кинеско Море.
Индија е претпазлива, ама полека се приклонува кон САД
Бони Глејзер, директор на азиската програма на германскиот Маршалов фонд, рече дека Индија во моментов е највнимателната членка на групата КУАД и дека ставовите на официјален Делхи во голема мера ќе влијаат на тоа како ќе реагираат на Кина. Тоа потсетува на минатогодишниот инцидент на индо-кинеската граница во кој загинаа најмалку 20 индиски војници.
Според некои извори, Индија воено се приближува кон САД, преку стекнување на ново оружје, технологија и знаење и воени вежби. Дел од соработката вклучува напредни технологии за следење и таргетирање на цели.
Глејзер посочува дека главниот фактор за таков собир на големите земји е кинеското однесување.
– Колку повеќе Кина станува закана за другите земји, нивните интереси и економија, толку повеќе земји ќе сакаат да се бранат – посочува тој.
КУАД ќе се бори за независен Тајван
Една од поважните теми на денешната средба секако ќе биде прашањето за Тајван. Во последните години, Пекинг презеде воена акција околу островот, кој веќе седум децении е независен од Кина, барем на хартија. Но, кинеските власти го сметаат Тајван, каде живеат околу 24 милиони луѓе, како неразделен дел од кинеската територија, иако немаат контрола над островот.
Трамп, а сега и Бајден, ги зајакнуваат врските со Тајван во последните години. Австралија се вклучи во напорите, а јапонските власти, исто така, рекоа дека ќе ги здружат силите со САД за да спречат каква било инвазија на островот.
КУАД испрати изјава претходно оваа година со предупредување за важноста на мирот и безбедноста во областа.
Глејзер смета дека изјавата била увертира на состанокот на водачите на групата и смета дека е особено важно што Индија интензивно била вклучена во приказната.
– Мислам дека ова ќе биде отрезнувачки за Кина. Досега тие ги слушаа предупредувањата на Австралија и Јапонија, но никогаш од Индија – посочува аналитичарот.
„Постои ризик да ја испровоцираме Кина“
Бен Скот од Институтот Лови во Сиднеј вели дека обединетиот КУАД може да помогне да се спречи агресијата на Кина против Тајван. Но, тој исто така предупредува дека овде треба да се биде многу внимателен.
„Секогаш постои ризик да се отиде чекор предалеку и да се влезе во сферата на провокација – вели тој. Тој додава дека состанокот на групата доаѓа во време кога тоа ѝ одговара најмногу на Америка, со цел да се покаже кохезивна политика кон Азија. Додека договорот АУКУС, меѓу Америка, Англија и Австралија се сметаше за „англосферски“, КУАД ги вклучува Јапонија и Индија, што испраќа дополнителна порака“, пишува Си-Ен-Ен.
Инаку, договорот АУКУС, кој беше потпишан пред недела дена, предизвика многу контроверзии. Индонезија рече дека е длабоко загрижена, а Малезија дека договорот може да предизвика други сили да станат поагресивни.
Во целата игра, изгледа двоен добитники е Австралија, која ќе учествува и во двата пакта. Според аналитичарот Бен Скот, САД, преку сојузништвото со Јапонија и со Индија, покажаа разновидна економска и политичка соработка, која не се базира само на воена моќ. Губитник е Кина. За официјален Пекинг КУАД и АУКУС се пример за тоа дека Вашингтон сака да ја зајакне својата воена закана во Азија.