КОРОНАВИРУСОТ ПРЕДИЗВИКУВА ЧУДНИ НЕСРЕЌИ Во Лондон веќе реагираат
Луѓето паѓаат на подвижните скали бидејќи перцепцијата е дека поради пандемијата држачите се валкани, вели директорот на лондонскиот градски превоз Енди Лојд.
Во лондонската подземна железница расте бројот на несреќи на елеваторите бидејќи луѓето неволно се држат за држачите бидејќи стравуваат дека ќе се заразат со коронавирусот.
Дејли Телеграф објавили дека од април до јуни имало 12 тешки повреди во лондонската подземна железница и уште 23 такви несреќи во градските автобуси. Тоа е повеќе од кој било кварт во претходните години.
Со укинувањето на рестрикциите и со повторното отворање на пабовите се зголемил и бројот на пијани патници во ноќните часови, што ја влошило ситуацијата.
– Луѓето паѓаат на подвижните скали бидејќи перцепцијата е дека поради пандемијата држачите се валкани – вели директорот на лондонскиот градски превоз Енди Лојд.
-Втор голем проблем е пијанството – вели тој. Тоа посебно е изразено во ноќните часови од петок до недела.
Бројот на патници во лондонската подземна железница и во градските автобуси речиси се вратил на ниво од пред пандемијата.
Градската власт планира да постави дополнителни уреди за ултравиолетово зрачење кои ги убиваат вирусите.