КРВАВА ДРАМА ВО МАЛА РЕЧИЦА Петгодишно дете било искасано од куче дури си играло во двор

Како што дознаваме од семејството детето од тетовската болница веднаш е префрлено на скопските клиники поради сериозноста на повредите, но и најверојатно поради фактот што во тетовската болница немало вакцина за беснило.

837

Петгодишно дете од тетовска Мала Речица е тешко повредено од бездомно куче кое му предизвикало рани по целото тело. Нападот се случил вчера претпладне, околу 13 часот. Немилиот настан во полиција го пријавил неговиот дедо.

Роднините на детето, како што јави Алсат, раскажуваат дека тоа си играло во моментот кога било нападнато и искасано од кучињата.






– Вчера околу 13. 40 минути дедо на детето пријавил дека неговиот внук додека си играл пред неговиот двор во близина не еден ресторан во селото, бил нападнат од кучиња скитници, кои биле во поголем број. Детето се здобило со сериозни повреди и е пренесено во болница – рече портпаролот на СВР Тетово Марјна Јосифоски.

Како што дознаваме од семејсвото детето од тетовската болница веднаш е префрлено на скопските клиники поради сериозноста на повредите, но и најверојатно поради фактот што во тетовската болница немало вакцина за беснило.

Поврзани содржини