ЗНАЕ ЛИ ЦАРОВСКА ДЕКА ДИРЕКТОР ЗЛОСТАВУВА НАСТАВНИЧКА Јаневска тврди дека има и пет болни наставници во едно училиште

Знае ли дека ниту една обврска која таа ја делегира на училиштата не се остварува? Нема печатење учебници, нема таблети, нема интернет, има ароганција и непочит, прашува Јаневска.

4,526

Весна Јаневска од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ѝ постави неколку прашања на министерката Мила Царовска кои, како што вели, заслужуваат одговор и акција.

„1. Знае ли дека во училиштето „Ристе Рисрески Ричко“ во Прилеп до задвчера (денес е недела) се’ уште не се поделени свидителства затоа што директорката не ги потпишала? Во училиштето се работи ден за ден по распоред кој по правило се соопштува навечер после 21 часот. Директорката Биљана Трајковска им препорачува на родителите да се снајдат со интернет.






2. Знае ли дека директорот Зоран Трајанов од училиштето Страшо Пинџур во Карбинци, уценувал и 3 години психички
злоставувал наставничка?

3. Знае ли дека ниту една обврска која таа ја делегира на училиштата не се остварува? Нема печатење учебници, нема таблети, нема интернет, има ароганција и непочит.

4. Знае ли дека само во едно училиште во Волково има 5 болни наставници?

5. Знае ли дека во едно училиште сопругот наставник лежи болен дома, а сопругата исто така наставничка, нетестирана, без симптоми оди на работа?“

Поврзани содржини