ФЕСТИВАЛ НА ЖИВИ СТАТУИ Во центарот на Скопје денеска и утре „Статуафест“
Организаторот најави дека годинава, како и минатата година, на фестивалот ќе настапуваат исклучиво домашни артисти зашто основна цел на театарската компанија за улична уметност е да создаде пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали.
На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска и утре од 18.30 до 21.30 часот ќе се одржува петтиот уличен уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест – Скопје на улица“, во организација на Зружението на граѓани ТимТеатросК, со поддршка од Театар за деца и младинци и под покровителство на Град Скопје.
Организаторот најави дека годинава, како и минатата година, на фестивалот ќе настапуваат исклучиво домашни артисти зашто основна цел на театарската компанија за улична уметност е да создаде пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали.
– Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на „Статуафест“ ќе имаат можност да ги препознаваат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност бидејќи интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира, артистите овојпат ќе бидат во сосема различни улоги – соопшти Здружението ТимТеатросК.
Темата на годинашниот „Статуафест – Другото лице на улицата“ е „Скопје на улица“. Како што наведува организаторот – во преносна смисла „Статуафест“ ќе биде огледало на самите нас односно „што се прават скопјани во текот на едно деноноќие движејќи се забрзано или, пак, бавно низ улиците на нашиот град“.