АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО ПЕТРОВ Поголема поддршка на иновациите и дигитализацијата на бизнисите

Претседателот на Стопанската комора побара поголема дигитализација на администрацијата и компаниите за да не се зголемува сивата економија.

281

Борбата против сивата економија и корупцијата преку  дигитализација на државната администрација и финансиска поддршка за дигитализација на компаниите со примена на системите САП како современи, докажани и проверени дигитални решенија, кои овозможуваат поголема ефикасност, ефективност и поголема продуктивност, беа теми за кои се разговараше на средбата на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.

На средбата, како што соопштија од Комората , стана збор и за заеднички проектни активности на Комората и Фондот со цел поддршка на реалниот сектор.






Азески ги презентира актуелните проекти и стратешките активности на Стопанската комора на Македонија посебно поддршката на компаниите во нивните извозни активности, за кои особено значење имаше примената на нови технолошки решенија и  иновации, што е и во рамките на полето на дејствување на Фондот за иновации.

Во таа насока, велат од Комората, се очекува најмоќната бизнис-асоцијација, ставајќи се во функција на своите членки, во соработка со ФИТР, да воспостави координирано институционално дејствување, за да се постигне и поголем економски раст на национално ниво.

– Улогата на Фондот е да ги поддржи и да ги поттикне компаниите во изнаоѓањето форми на инвестиции, преку финансиска поддршка за производствените, извозните и за иновативните решенија, во насока на нивна поголема конкурентност на странските пазари – рече Азески.

Азески стави акцент и наклучните приоритети во борбата против сивата економија и против корупцијата, преку итна потреба од дигитализација на државната администрација, но и преку финансиска поддршка за дигитализација на компаниите, со примена на системите САП како современи, докажани и проверени дигитални решенија, кои овозможуваат поголема ефикасност, ефективност и поголема продуктивност.

Петров, ги  образложи приоритетите на Фондот за следните две до три години, преку помош и преку поттикнување на развојот на реалниот сектор, вклучувајќи ги и старт ап компаниите кои нудат иновативни и технолошки развојни производи и на кои им недостига поддршка, како финансиска така и системска, но и нивно поврзување со средни и со големи успешни компании, кои би ги развиле нивните иновативни и развојни производи до крајна употребна вредност. Како проект од ФИТР, се најави идејното предлог-решение за Технолошкиот парк, за кој се побара заедничо дејствување во процесот на развој и на примена на ова решение.

Претседателот Азески искажа благодарност што ФИТР ја препознава Комората, која следната година одбележува еден век постоење, како партнер за своите развојни проекти и предложи преку заеднички континуирани работни средби на тимови од двете институции да се продолжи со изнаоѓање решенија, како и со градење различни механизми, алатки и можности, кои ќе значат поддршка за бизнисот, која ќе овозможи економско заздравување, но и забрзан раст на економијата во следните години.

 

Поврзани содржини