СПОРТОТ ВО БИТОЛА ТРЕБА ДА СЕ РАЗВИВА, А НЕ ДА СЕ СПАСУВА Кондовски им нуди помош на сите спортски клубови

Стојам на располагање на сите спортски клубови, за секаква помош и соработка. Нема успешен град, ниту космополитиски град, без успешен спорт - рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола.

628

Спортот во Битола треба да се развива, а не да се спасува, рече бизнисменот Христо Кондовски, кој е кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.

– Ова треба да биде нова реалност за спортска Битола. На ова се согласивме денеска на средба со дел од спортските клубови кои се бренд на Битола. Во наредните денови ќе се сретнеме и со останатите. Дискутиравме за стратешките проблеми со кои се соочуваат, но и оние технички проблеми во однос на кои веднаш може да се интервенира и да се решат. Моето мото е да се има волја да се решат проблемите во спортот. Стојам на располагање на сите спортски клубови, за секаква помош и соработка. Нема успешен град, ниту космополитиски град, без успешен спорт – рече Кондовски.

Поврзани содржини