ЗА ЖАЛЕЊЕ СТЕ ПРЕМИЕРЕ Села му порача на Заев дека нема ни совест, ни морал

Толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите, му одговори Села на Заев.

5,617

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села преку Фејсбук му одговори на премиерот Зоран Заев на изјавата дека премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, а не да ја користи грозотијата на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, сѐ од пуста желба за власт, да се победи.

За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да ја разберете суштината на оставката, бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa и моралот, а не власта“, му порача Села на Заев.

Поврзани содржини