ЛОЗАРИТЕ ГО ИСТУРИЈА ГРОЗЈЕТО ПРЕД ПОРТИТЕ НА „ТИКВЕШ“ Реагираат на условите за откуп

Пред само три дена министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на лозарите им вети дека ќе се откупи целото произведено грозје.

578

Пред портите на винарската визба „Тиквеш“ вечерва беа истурени неколку трактори полни со грозје. Лозарите протестираа поради промената на условите на откупот кои оваа винарска визба почна да ги применува од денеска.

Тоа, според лозарите, е недозволиво.






Откупот на грозјето туку што почна и веднаш се појавија проблеми со откупната цена и шеќерните единици на грозјето.

Пред само три дена министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на лозарите им вети дека ќе се откупи целото произведено грозје и дека откупната цена за оваа реколта изнесува 11 денари за „смедеревка” и 12-13 денари за „вранец”.

Поврзани содржини