ЖЕНСКА ТЕПАЧКА ПРЕД СПОРТСКИ ОБЈЕКТ Непозната е причината, ама интервенирала полицијата

Сочинети се записници за констатиран прекршок.

1,912

Две млади жени во петокот напладне физички се пресметале пред спортски објект на подрачје на скопската општина Карпош, информираше Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје по 11,30 часот било пријавено дека на споменатата локација дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Како што било утврдено, се случила физичка пресметка меѓу М.Б. на 29 и Б.В.Т. на 37 години, и двете од Скопје.






Сочинети се записници за констатиран прекршок.

Поврзани содржини