ПОРАКА НА ПЕНДАРОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ Кога јас би бил во ваква позиција, би поднел оставка од морални причини
При вчерашната посета на Тетово, каде ноќта пред тоа изби страшен пожар во модуларната болница која зеде 15 животи, претседателот на државата Стево Пендаровски рече дека за каква и да е одговорност во врска со страшната трагедија треба да се почека што ќе каже истрагата.
Повторно прашан за оваа негова изјава во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат која ќе се емитува вечерва, шефот на државата појаснува:
– Во таа изјава зборував за кривично-правна одговорност. Лично, не дај Боже тоа мене да ми се случи, сите што ме познаваат добро знаат дека би поднел оставка од морални причини.
Вчера попладне на прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе го чека исходот од истрагата за кобниот пожар, по што ќе одлучи дали ќе поднесе оставка. На прашањето, дали ќе поднесе оставака од морални причини, тој го одбегна одговорот.