БИ ГО НОКАУТИРАЛ ЗА НЕКОЛКУ СЕКУНДИ Трамп се фали дека во боксерски ринг лесно би го совладал Бајден

Ако би морал да се борам против некој, мислам дека моја најлесна борба би била со Џо Бајден, бидејќи тој би паднал многу, многу брзо, вели Трамп.

260

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е уверен дека без какви било проблеми би го поразил својот политички ривал во боксерски ринг, ако за тоа се укаже можност.

Трамп бил повикан на конференција за печат во пресрет на мечот на ексшампионот во тешка категорија Евендер Холифилд и шампионот на полутешка категорија Виторо Белфорт каде го прашале против кого би се борел во боксерски ринг и како таа борба би изгледала, пренесува Њујорк пост.






– Па, ако би морал да изберам некого, некој кој не е професионален боксер, би ги прескокнал професионалните боксери бидејќи тоа би можело да биде опасно, но ако би морал да се борам против некој, мислам дека моја најлесна борба би била со Џо Бајден, бидејќи тој би паднал многу, многу брзо. Многу, многу брзо – вели Трамп.

– Знаете тој еднаш рече дека би сакал да ме извади од бар – вели Трамп парафразирајќи го тогаш потпретседателот на САД, Бајден кој во 2016 година изјави дека многу би сакал да го однесе Трамп „зад теретана“ и со тупаници да решат некои работи.

-Би имал сериозни проблеми ако тоа го направам. Мислам дека Бајден би паднал во рок од неколку секунди – изјавил Трамп и предизвикал смеа и аплауз.

Поврзани содржини