ШТО СЕ „ЗАЦЕМЕНТИРАНИ“ БЕЛИ ДРOБОВИ? Дваесетгодишна девојка од Србија има многу тешка форма на ковид-19 (ВИДЕО)
За жал, сите претходни студии покажуваат дека смртноста на пациентите со оваа слика е многу висока помеѓу 60 и 70 проценти, д-р Снежана Рсовац.
Последниот случај на лице заболено од коронавирус што ја загрижи Србија, беше оној за девојка која има само 20 години и беше сместена во ковид болницата во Батајница. Како што беше кажано, нејзините бели дробови се „зацементирани“ и таа се третира како еден од најтешките случаи во последните 18 месеци, пренесе српски Телеграф.
Д-р Снежана Рсовац, пулмолог, објасни што се „зацементирани“ бели дробови и рече дека тоа е класичен пример за синдром на акутен респираторен дистрес.
– Тоа е нарушување на размената на гасови со проблеми кои се последица на воспаление кое ги зафаќа не само клетките на белите дробови, туку и крвните садови, и се карактеризира со нарушување на зголемената пропустливост, и бариерата што ја имаме на ниво на крвните садови, ендотела и епитела, кои ги обложуваат дишните патишта – вели д-р Росовац.
– Целосно, сите сегменти на долниот респираторен систем, имено дишните патишта, белодробниот паренхим и крвните садови, се под тешки воспалителни процеси, кои се неконтролирани и доведуваат до пенетрација на течноста во алвеолите, а алвеолите се делови од белите дробови каде што се случува размена на гасови. Кога вдишуваме, вдишуваме воздух со кислород и во тој дел се презема кислородот, а јаглерод диоксидот се исфрла од телото – објасни Рсовац на ТВ Прва.
Случајот со 20 годишната девојка која заврши на респиратор

Директорката на болницата „Ковид“ во Батајница, д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС го раскажа случајот со младата девојката за која збори цела Србија, како и за влошувањето на нејзината здравствена состојба за само неколку дена.
– Во осумнаесетте месеци во кои се бориме против пандемијата и десет месеци работа во ковид болницата, немавме посериозен помлад пациент. 20-годишна девојка, фармацевт од Белград, невакцинирана, нема никаква придружна болест, вчера беше интубирана, нема бели дробови, дише со мал дел од левото белодробно крило, белите дробови и се зацементирани – вели таа.
Таа наведува дека од десет пациенти на одделот за интензивна нега, никој не е вакциниран.
– Кога ги испитуваме сите луѓе во болницата, над 90 проценти не се вакцинирани – рече Аџиќ Вукичевиќ, додавајќи дека е загрижена.
– Не знам каква порака да кажам повеќе, доколку вакцинацијата ја продолжевме со истото темпо како што ја започнавме, сигурно дека такво сценарио немаше да се случи – рече таа.
– Ова е пожар и е многу полош отколку во декември минатата година кога се отвори болницата – рече докторката.
Според неа потребни се просечно пет до седум дена од појавата на првите симптоми до приемот во болница, а оваа клиничка слика на младата девојка се појави за девет дена, кај некои дури и побрзо, за четири дена.
Директорката додава дека меѓу примените пациенти доминираат помлади мажи, помеѓу 30 и 40 години, никој не е вакциниран против ковид-19, потоа следат лица меѓу 40 и 50, па меѓу 20 и 30 години, 20 проценти се жени.
– Вработените во болницата не ја сфатија сериозно пораката од сите нас со цел да се вакцинираат, но сите тие беа вакцинирани на почетокот на август и практично нема невакцинирани во Батајница – заклучи д -р Аџиќ Вукичевиќ.
Како се третираат „зациментираните“ бели дробови и каков е исходот?
– Синдром на акутен респираторен дистрес бара механичка вентилација, било инвазивна или неинвазивна, во најтешките форми бара инвазивна, кога пациентот е интубиран и поврзан со респиратор и се движи со други терапевтски протоколи за да го стави воспалението под контрола – рече пулмолог Рсовац.
– За жал, сите претходни студии покажуваат дека смртноста на пациентите со оваа слика е многу висока помеѓу 60 и 70 проценти – рече таа, додавајќи дека без оглед на возраста, доколку пациентот има доволно добар потенцијал, може да ја надмине таа состојба.
– Се разбира, постои подобра резерва за младите луѓе кои биле во добра здравствена состојба пред болеста, но имунолошкиот систем реагира претерано без оглед на возраста – истакна докторката.