СМАРТФОНИТЕ ЌЕ ИМААТ КОРОНА-СЕНЗОРИ Ќе работат на принципот на лабораториските инструменти
Според истражувачите, нивните сензори наменети за инсталација во паметни телефони имаат исти способности за откривање како и големите аналитички инструменти што најчесто можете да ги видите во лабораторија. Исто така, сензорите што ги развиваат се доволно чувствителни за да ги изолираат честичките на вирусот без да се мешаат со други елементи.
Сензори за откривање на ковид-19 исти како оние аналитички инструменти во болниците ќе имаат смартфоните за неколку години, пишува Мондо. Истражувачи од General Electric добиле пари од Националниот институт за јавно здравје на Америка да ја направат идејата реалност, а сензорите ќе треба да бидат доволно чувствителни за да не ги измешаат честичките од вирусот со други елементи во воздухот.
Но, и ова не е изненадување во светот на технологијата. Сензори за мерење на срцевата работа, за мерење на кислородот во крвта веќе постојат во некои паметни телефони, а паметни ракавици кои можат да го измерат нивото на шеќерот без убоди се еден од новите гаџети во медицината. Во САД веќе развиваат вештачка интелигенција која ќе го препознава ковид-19.
Во колку блиска иднина ќе можеме да ги имаме сензорите за коронавирус? Според планот на истражувачкиот тим, новите сензори би можеле да се користат за неколку години, бидејќи толку време е минимум неопходно да се подобри и унапреди постоечката технологија. Телефоните во иднината, се чини, ќе не предупредуваат за многу работи, како што се вирусите, бактериите, но и штетните честитчки кои го загадуваат воздухот.
Според истражувачите, нивните сензори наменети за инсталација во паметни телефони имаат исти способности за откривање како и големите аналитички инструменти што најчесто можете да ги видите во лабораторија. Исто така, сензорите што ги развиваат се доволно чувствителни за да ги изолираат честичките на вирусот без да се мешаат со други елементи.
Иако никој не гарантира дека производителите на телефони ќе се согласат да инсталираат дополнителни сензори од овој тип во нивните телефони, ова е доказ дека телефоните од иднината без сомнение ќе можат да нѐ предупредуваат за многу работи, како што е присуството на штетни материи во воздухот, вируси и бактерии.