НАЈЛУКСУЗНОТО КАМПЕРСКО ВОЗИЛО Гратис добивате моќно „Бугати“ за до продавница (ВИДЕО)

Моделот „Волкнер Перформанс С“ чини 7,7 милиони евра, самото комбе вреди 2,4 милиони евра, но бидејќи добивате „Бугати Чирон“ во самиот пакет, цената е „малку“ повисока.

859

Најлуксузното камперско возило на сите времиња доаѓа од Германија, каде традицијата на камперски возила е многу значајна, пренесува Домино Магазин.

Направено е од специјалисти за луксузни патувања и кампувања од фирмата Волкнер. Моделот „Волкнер Перформанс С“ чини 7,7 милиони евра. Сепак, мора да се признае дека самото комбе вреди 2,4 милиони евра, но бидејќи добивате „Бугати Чирон“ во самиот пакет, за да можете со него да појдете до плажа или продавница, наместо велосипед, цената е „малку“ повисока.






Во камперското возило има и соларен систем од 2.000 вати, генератор од 8 киловати и аудио систем од 335.000 долари.

„Бугатито“ се наоѓа во долниот дел од возилото, на тој начин е постојано скриено во текот на патувањето. Луксузниот ентериер и сите останати нешта кои доаѓаат со ова камперско возило, можете да ги погледнете на следново видео:

Поврзани содржини