ПО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОЖАРИ Грција го формираше Министерството за климатски промени
Поранешниот еврокомесар Христос Стилијанидес (63) е назначен за шеф на новото министерство.
Грчката влада формираше ново министерство кое ќе се справува со влијанието на климатските промени, а поранешниот еврокомесар Христос Стилијанидес (63) е назначен за шеф на новото министерство.
Стилијанидес, кој беше комесар за хуманитарна помош и справување со кризи од 2014 до 2019 година, е ангажиран да ја обнови земјата од големите шумски пожари што зафатија повеќе од 1.000 квадратни километри на југот на Грција и островот Евија ова лето.
Христос Стилијанидес е од Кипар и ќе добие грчко државјанство пред да положи заклетва во петок.
– Ја прифатив оваа функција свесен за предизвиците и очекувањата што ги носи со себе. Последиците од климатските промени се насекаде околу нас и ние мора да ги забрзаме промените без одлагање – рече тој.
Новото министерство ќе се занимава со борба против шумски пожари, кризни ситуации и политики кои ќе ги ублажат последиците од климатските промени.