ГОСПОД ЗНАЕ КОЈ Е КРАДЕЦОТ Ограбена црква во Старо Нагоричане
Непознат сторител со употреба на подесен алат и сила влегол во црквата ’Света Богородица‘ на место викано Забел во село Старо Нагоричане и одзел пари и други предмети, соопшти СВР Куманово.
Ограбена е црквата „Света Богородица“ во месноста Забел, Општина Старо Нагоричане. Крадецот одзел пари и други предмети, информираше денеска СВР Куманово.
„Вчера во 09:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на подесен алат и сила влегол во црквата ’Света Богородица‘ на место викано Забел во село Старо Нагоричане и одзел пари и други предмети“, соопшти СВР Куманово.
Екипа на полицијата извршила увид и преземаат мерки за расчистување на случајот.