ГИ ЗАПРЕЛА ПОЛИЦИЈА, ПА ГО ФРЛИЛЕ КОКАИНОТ НИЗ ПРОЗОРЕЦ Тројца гостиварци приведени на патарина

Дрогата ја фрлиле од прозорецот, но полицајците ја пронашле, соопшти МВР.

409

Полицијата синоќа привела тројца гостиварци поради сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране, синоќа се приведени од полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психоптропни супстанци и прекурсори. Претходно, од возило во кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле кесе со кокаин, кое било пронајдено. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Поврзани содржини