НЕМИРИ СЕ СПРЕМААТ ВО ЦРНА ГОРА Како ќе помине устоличувањето на Јоаникије?
Додека тензиите растат, митрополитот Јоаникије порача дека правото на устоличување на Цетиње не му припаѓа само нему, туку на целиот народ на црногорско-приморската митрополија.
„Не може да се гарантира“ дека апсолутно безбедно ќе помине устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникије на 5 септември во Цетиње. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ кој за Ал Џезира објасни дека нема да им гарантира безбедност ниту на новинарите, ниту на граѓаните.
За разлика од Секуловиќ, неговиот колега и секретар во министерството, Зоран Миљаниќ, смета дека полицијата ќе биде гарант за сите граѓани – без разлика на која црква припаѓаат. Сепак, тој предупреди дека сите политичари кои ќе дојдат непоканети, ќе сносат одговорност.
Ќе дојде ли српскиот претседател Вучиќ на церемонијата, меѓу другото? Додека тензиите растат, митрополитот Јоаникије порача дека правото на устоличување на Цетиње не му припаѓа само нему, туку на целиот народ на црногорско-приморската митрополија.