АВГАНИСТАНЦИТЕ КОИ СТИГНАА СЕ НЕГАТИВНИ Сите 149 бегалци биле тестирани на корона
Бегалците синоќа стигнаа во Скопје од Тбилиси преку авион на компанијата „Камаир“.
Сите 149 Авганистанци кои синоќа пристигнаа на аеродромот во Скопје се негативни на ПЦР-тест за корона, потврдија од Владата за МИА.
– Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 тестовите – велат од Владата.
Бегалците синоќа стигнаа во Скопје од Тбилиси преку авион на компанијата „Камаир“.