ОТКРИЕН ФОСИЛ НА КИТ СО ЧЕТИРИ НОЗЕ Ќе се расветли ли мистеријата како китовите од копно поминале во море? ВИДЕО

Се проценува дека китот бил долг околу 3 метри, тежел 600 килограми и најверојатно бил врвен предатор.

2,157

Во Египет е откриен фосил од досега непознат вид кит со четири нозе, стар 43 милиони години.

Научниците веруваат дека ова ќе им помогне да ја расветлат еволуцијата на китовите што поминале од копно во море.






Фосилот со латинско име Phiomicetus Anubis е откриен во западната пустина во Египет, област која некогаш била покриена со море и која дала богата низа откритија во врска со еволуцијата на китовите.

Се проценува дека китот бил долг околу 3 метри, тежел 600 килограми и најверојатно бил врвен предатор.

И покрај неодамнешните откритија, пошироката слика за раната еволуција на китовите во Африка останува во голема мера мистерија, велат експертите.

 

Поврзани содржини