СЕПАК НЕ СЕ ВРАТИ САМО ПОРАДИ ЉУБОВ Роналдо ќе биде најплатен во Премиерлига

Но, Португалецот не значи дека е најплатениот фудбалер на светот, туку го држи третото место. Поголема плата од него имаат Лионел Меси и Нејмар, двајцата членови на ПСЖ.

657

Деновиве фудбалскиот свет беше во центарот на вниманието со враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Сега се чека неговото официјално претставување, а откриени се детали и од договорот. Португалецот во Јунајтед ќе заработува 480.000 фунти неделно, и тоа значи дека ќе биде најскап играч во Премиер лигата.






Ромелу Лукаку во Челзи ќе има неделна плата од 450.000 фунти, Кевин Де Брујне ќе заработува 385.000 фунти, Џек Грилиш неделно ќе зема по 380.000, додека Хари Кејн во Тотехнем ќе има неделна плата од 300.000 фунти.

Но, Роналдо не значи дека е најплатениот фудбалер на светот, туку го држи третото место. Поголема плата од него имаат Лионел Меси и Нејмар, двајцата членови на ПСЖ.

Меси во Париз ќе добива фантастични 1 милион фунти неделно, а Бразилецот заработува по 600.000 фунти.

Поврзани содржини