„АМАН ЗАЕВ НЕМОЈ СО МАТЕМАТИКА!“ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги жали Авганистанците чиј престој го организира Заев

ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот е изложен на потсмев со изјавата дека престојот на Авганистанци во земјава ќе чинисамо 74.000 денари.

1,290

Несериозна и обид за засмејување на јавноста е изјавата дека Авганистанците ќе ја чинат Македонија 74.000 денари. Дополнително уште по жално е кога Зоран  Заев вели дека е подготвен да прими бегалци, а во исто време не може ниту вакцини сам да набави, па бара или чека помош од соседите и од КОВАКС системот,цреагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на премиерот Зоран Заев за тоа колку ќе не чини престојот на Авганистанци во земјава.

„Аман Заев немој со математика, последен пат кога зема да сметаш Македонија ја задолжи за 3 милијарди евра, а од секоја легализација за квадратен метар зема по едно евро. Заев не може ни вакцина да набави сам, а не да прими бегалци. Цела Македонија ќе изгореше да не беа стотиците пожарникари и противпожарни возила од Австрија, Словенија, Србија и Бугарија, се што направи Заев за гасење на пожарите е испраќањето на Јоцо Манго од Струмица во Гевгелија.Сега истиот овој Заев тврди дека може да се справи со организирано примање на бегалци од Авганистан. Тешко на секој еден човек кој ќе зависи од помошта и организацијата на Заев“ се вели во реакцијата.






Од ВМРО-ДПМНЕ го посоветуваа премиерот:

„Наместо да се лета со изјави колку е спремен подобро ќе беше да го реши проблемот со над 60.000 граѓани кои останаа без работа во последната години и над 5.600 фирми кои ставија клуч на врата заради неговите лоши политики“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини