АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ КАТЕГОРИЧЕН Предметот „Плацеви на Водно“ е паднат!
Јавниот обвинител на Македонија, Јовевски, е должен веднаш да покрене постапка за разрешување на обинителката Лиле Стефанова, тврди поранешниот контраразузнавач.
Ни се допаѓало тоа нам или не, предметот “Плацеви на Водно” de facto и de jure e паднат поради флагрантни суштествени повреди на постапката од страна на обвинителката Лиле Стефанова, напиша на Фејсбук Александар Диневски, поранешен контрарaзузнавач.
„Јавниот обвинител на Македонија, Јовевски, е должен веднаш да покрене постапка пред Советот на јавни обвинители за нејзино разрешување поради нестручно и несовесно обавување на обвинителската функција! Сѐ друго би значело продолжување на очајната состојба во судско – обвинителската власт. Принципиелната оставка на судијата Туфегџиќ е последна опомена!“, напиша Диневски.
Тој и во претходен пост на Фејсбук се осврна на скандалозното откритие дека обвинителката Стефанова фалсификувала изјава на поранешниот премиер Никола Груевски, првообвинет во случајот „Предмети на Водно“.
„Вакви подметнувања Лилето наголемо правеше во монтираните полициско – политички судски процеси кои таа (нсјчесто!) ги водеше во време на Хунтата на Грујо („Шпион“, „Ликвидација“ итн), подметнувајки дузина вакви ‘докази’, кои за жал беа прифаќани од тогашните сервилни судии на режимот на Грујо. Како што гледаме, Лилето си продолжи со таквата пракса и со новата власт, а во конкретниот случај најпрво со фејк белешката на АНБ за притворот на Камчев, а еве сега и со наводна изјава на Грујо за конкретниот предмет. Оправдувањето со некаква ‘техничка грешка’ може да помине само кај будалите и наивните. На документот јасно бил впишан бројот на обвинителскиот предмет токму за конкретниот случај!
Ако е од Лилето, многу е!
А комуњарите, ако продолжат со форсирање на вакви кадри (Лилето се спомнуваше како наследничка на Русковска), во следниот извештај на Стејт департментот на САД за состојбите во судската власт во Македонија, ‘шлаканицата’ што ја добија во претходниот ќе биде заменета со клоца!“, напиша Диневски.