ОКОЛУ 1.200 ЕВРА ЌЕ ЧИНИ ПРЕСТОЈОТ НА АВГАНИСТАНЦИТЕ? Заев не знае дали сите ќе дојдат
Премиерот тврди дека со згрижувањето на граѓаните од Авганистан ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака и во најтешките моменти.
Вкупно 74.000 денари (околу 1.200 евра) ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност, и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака и во најтешките моменти.
– Зошто се опредилвме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луше, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност – рече Заев.
Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.