ПРВИ МЕДАЛИ НА ПАРАОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО Злато за австралиската велосипедистка Пејџи Греко

Во истата дисциплина, во категоријата Ц4, во време на нов светски рекорд до златното одличје дојде и нејзината сонародничка Емили Петрикола, додека Британката Сара Стореј триумфираше во категоријата Ц5.

186

Распределбата на медали денеска почна на Параолимписките игри во Токио, а првиот златен медал го освои австралиската велосипедистка Пејџи Греко, која триумфираше во поединечна конкуренција на патеката на 3.000 метри во категоријата Ц1-3 со нов светски рекорд.

Во истата дисциплина, во категоријата Ц4, во време на нов светски рекорд до златното одличје дојде и нејзината сонародничка Емили Петрикола, додека Британката Сара Стореј триумфираше во категоријата Ц5.






Првиот златен медал на Параолимписките игри во машка конкуренција го освои Холанѓанецот Тристан Бангма во трката на 4.000 метри.

Поврзани содржини