ЕДЕН МАЖ ГО ЗАТВОРИ НОВ ЗЕЛАНД Целата земја 3 дена во строг карантин
Случајот е откриен во Окланд, кој ќе биде затворен една недела, додека остатокот од земјата ќе биде затворен три дена.
Нов Зеланд објави дека ќе се затвори откако еден маж е тестиран позитивен на ковид-19, прв пат по 6 месеци, пишува Би-Би-Си.
Случајот е откриен во Окланд, кој ќе биде затворен една недела, додека остатокот од земјата ќе биде затворен три дена.
Властите претпоставуваат дека кај новиот случај станува збор за делта сојот. Само 20 отсто од популацијата на Нов Зеланд е целосно вакцинирана.
Крајбрежното гратче Коромандел, каде престојувал заразениот исто така ќе биде затворено седум дена.
Премиерката Џасинда Ардерн рече дека се бара најстрогото ниво 4 според кое се затвораат училишта, канцеларии и сите бизниси освен суштествените сервиси.
– Го уверувам Нов Зеланд дека сме разгледувале ваква можност. Успеавме да преземеме тешки и рани чекори и претходно – рече таа.
Пациентот е 58-годишен маж, за кого се верува дека се инфицирал минатиот четврток. Има најмалку 23 можни начини на трансмисија. Постојат информаци дека настанал метеж во продавниците во Окланд по најавата за затворање.