КАШЛИЦАТА НЕ МОРА ДА Е КОРОНА, ТУКУ ПРОБЛЕМ СО СРЦЕТО Десет скриени знаци дека имате болно срце

Дали физичката активност ви паѓа сѐ потешко? Дали ви се отечени непцата? Дали сте неупотребливи во кревет, а на нозете под колениците повеќе немате влакна? Сите овие се малку познати симптоми кои укажуваат на тоа дека имате заболено срце.

1,491

Не дозволувајте долготрајната кашлица да ве залаже и да помислите дека сте настинале или имате корона, бидејќи може да станува збор за болно срце. Таа е само еден од десетте скриени знаци на проблеми со срцето.

 

1. Брзо се заморувате за време на физичка активност






Обично трчавте 4-6 километри дневно без тешкотии, но одеднаш не можете повеќе, бидејќи се заморувате слично како кога имате грип? Ова може да биде јасен знак дека вашето срце не пумпа доволно крв низ вашето тело. Ако сè уште го чувствувате истиот замор по квалитетен одмор и сон, веднаш посетете го вашиот лекар.

2. Имате проблем со ерекција

Еректилната дисфункција е еден од вообичаените сигнали дека нешто не е во ред со срцето. Анксиозноста, депресијата и стресот, исто така, можат да предизвикаат тешкотии во сексуалниот живот, но не треба да го игнорираме фактот дека тоа може да биде блокада на коронарната артерија што спречува крвта да стигне до пенисот. Васкуларната еректилна дисфункција е најчестиот тип на сексуална дисфункција и обично е предизвикана од една од овие две болести: атеросклероза или ендотелијална дисфункција. Атеросклерозата предизвикува стврднување и стеснување на артериите што доведува до срцев и мозочен удар. Ендотелијалната дисфункција оневозможува вашите крвни садови да се опуштат колку што е потребно, што го намалува протокот на крв низ телото.

Симптомите на еректилна дисфункција често се појавуваат две години пред другите симптоми на срцеви заболувања, заради што нудат шанса за рана интервенција и запирање на срцевите заболувања на самиот почеток на развојот.

3. Одеднаш ве напаѓа кашлица која не престанува со недели

Не дозволувајте продолжената кашлица да ве измами на начин што ќе ве натера да помислите дека станува збор за непријатна настинка. Ако вообичаените лекови за кашлица не помагаат, тоа може да биде знак дека имате срцева болест.

Понекогаш течноста во белите дробови се акумулира од конгестивна срцева слабост, што може да предизвика отежнато дишење и кашлање што потсетува на астма или некоја друга белодробна болест, а всушност тоа е срцето.

4. Имате тешкотии со дишењето за време на спиењето

Опструктивната апнеја при спиење предизвикува да се будиме во агонија среде ноќ, борејќи се за воздух. Оваа состојба е поврзана со висок ризик од срцеви заболувања, како што се срцев удар, атријална фибрилација и срцева аритмија. За време на спиењето кај пациент со апнеја, нивото на кислород се намалува, поради што телото ги сигнализира крвните садови да се стегаат и да го зголемат протокот на кислород до срцето и мозокот. Ова предизвикува проблеми со дишењето во текот на ноќта.

5. Ги губите влакната на нозете

Нозете без влакна може да бидат знак дека вашите крвни садови се стеснети, што го спречува нормалниот проток на крв. Ова може да предизвика нарушена циркулација во нозете и да спречи нормален раст на влакната во таа област.

Општо земено, периферната артериска болест предизвикува губење на влакната или забавен раст на влакната на нозете, заради што се препорачува посета на лекар кој може да ви препише терапија.

6. Нозете и стапалата ви се отечени

Ако забележите дека ви е тешко да ги облечете чевлите или чорапите ве стегаат, тоа може да биде знак дека имате проблеми со срцето. Кога срцето не работи добро, крвните садови се полнат со крв што се враќа или не тече доволно добро, а собраната течност ја туркаат во околните ткива, предизвикувајќи некои делови од телото, како што се стапалата, стомакот или скротумот да отечат

Ако чувствувате дека сте отечени на необични места, обидете се да притиснете на кожата. Ако има вдлабнатина на кожата, тоа значи дека ткивата задржува вишок течност и треба да посетите лекар.

7. Страдате од болки во вратот и вилицата

Повеќето луѓе мислат дека болката во градите е првиот знак за срцеви заболувања, но во реалноста, првите симптоми на срцеви заболувања се појавуваат во други делови на телото.

Во споредба со мажите, жените почесто имаат т.н „атипични симптоми“ кои често може да доведат до тоа срцевата состојба да не биде препознаена или третирана. Затоа е многу важно да се знае дека првиот симптом на срцеви заболувања не е секогаш болка во градите.

Болката во вратот или вилицата може да биде знак за ангина пекторис, проблем со срцето што се јавува кога срцето нема крв богата со кислород. Оваа болест може да се манифестира како притисок или стегање во градите и може да се прошири на други делови од телото како што се вратот, вилицата, грбот или рамената.

8. Страдате од краток здив

Ако чувствувате недостаток на воздух при качување по скали, тоа често е знак за проблеми со срцето. Лекарите препорачуваат добро да го запознаете вашето тело, неговите можности и ограничувања за да можете да забележите кога има некои отстапувања од нормалното.

Замолете го вашиот лекар да направи темелна процена на вашето здравје. Најдобро е да бидете проактивни кога станува збор за здравјето на срцето и да научите како да го избегнете ризикот од застој на срцето во иднина.

9. Вашите непца се отечени

Луѓето со заболување на непцата често страдаат од отечени непца предизвикани од воспаление, а воспалението во телото може да доведе до зголемен ризик од срцев удар. Луѓето кои страдаат од пародонтоза, всушност страдаат од тешка форма на воспаление и тоа воспаление може да предизвика воспалителни процеси насекаде во телото.

10. Вашето срце чука брзо или неправилно

Секое срце што чука забрзано или има неправилен ритам може да биде знак дека вашиот кардиоваскуларен систем е „надвор од ритам“. Аритмијата е состојба на неправилно чукање на срцето што подоцна може да предизвика срцеви заболувања, доколку не се третира навремено и добро.

Ако вашето срце е многу слабо, може да предизвика нарушувања на срцевиот ритам: брзото или неправилното чукање на срцето може да биде знак дека вашите срцеви залистоци се во лоша состојба. Ако вашето срце „трепери“, посетете го вашиот лекар, кој треба да направи тестови за да утврди што е проблемот и евентуално да ја препише потребната терапија.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини