ВО СВЕТОТ ПОТВРДЕНИ ДЕВЕТ СОЈА НА КОВИД Еве кои се најзаразни
Лекарите напоменуваат дека научниците сè уште учат за карактеристиките на соевите на ковид-19 и дека нема едногласно мислење за тоа дали можат различните соеви да предизвикаат потешка форма на болеста и во која мерка вакцините дејствуваат против нив.
На почетокот на пандемијата сите го нарекуваа едноставно коронавирус, потоа ковид или ковид-19, а сега се зборува за алфа, бета и делат варијанти.
Светската здравствена организација СЗО направи систем на именување на соевите на ковид-19 по грчката азбука алфабет за да ја олесни јавната расправа за нив.
Вирусите постојано се менуваат со мутација што резултира со нови варијанти кои научниците ги следат.
Лекарите напоменуваат дека научниците сè уште учат за карактеристиките на соевите на ковид-19 и дека нема едногласно мислење за тоа дали можат различните соеви да предизвикаат потешка форма на болеста и во која мерка вакцините дејствуваат против нив.
Многу соеви полесно и побрзо се шират од изворниот ковид-19, тврдат лекарите. Досегашните студии сугерираат дека антителата добиени преку вакцинација ги препознаваат новите соеви. Деталните истражувања се во тек.
Алфа
Алфа варијантата првично е идентификувана во Обединетото Кралство, а СЗО и американскиот Центар за контрола и превенција на болести CDC ја означиле како варијанта која предизвикува загриженост. CDC истакнуваше дека таа варијанта, според податоците за хоспитализација и за смртност, можеби предзвикува потешки симптоми од изворната.
Бета
Првично е идентификувана во Јужна Африка, а СЗО и CDC исто така ја означија како варијанта која ги загрижува.
Делта
Таа варијанта првично е забележана во Индија, а CDC и други научници истакнуваат дека е позаразна во однос на претходните соеви. Станува збор за варијанта која сега се шири во Европа и во Америка и предизвикува страв за нов бран на болеста наесен.
Делта плус
За делта плус ситуацијата е нејасна. Првично, наводно е регистрирана во Јужна Кореа, Индија и во САД, а некои веруваат дека станува збор за позаразна варијанта од делта. Научниците ја следат и чекаат.
Гама
Првпат е регистрирана во Бразил, а потврдена е и во Јапонија. CDC и СЗО ја означиле како варијанта која предизвикува загриженост.
Ета
СЗО и CDC во класификацијата на ета наведуваат дека тоа е сој кој треба да се следи, што е поблага категорија од претходните. Таа варијанта е документирана во повеќе земји.
Јота
Станува збор, според СЗО и CDC, за варијанта која се следи. Документирана е во САД, поточно во Њујорк.
Капа
Капа исто така спаѓа во поблагите категории, а првпат е откриена во Индија во 2020 година.
Ламбда
Првично е регистрирана во Перу во декември 2020 година, а оттогаш е потврдена во повеќе американски сојузни држави, вклучително Тексас и Јужна Каролина. СЗО ја класификува како варијанта која треба да се след.