ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБНЕТЕ? Пет чекори за подобрување на метаболизмот

Посебен показател за забавените метаболички процеси во телото е и кога се обидувате да изгубите тежина, но со недели, па дури и со месеци, не постигнувате резултати.

1,707

Многумина се чувствуваа слаби иако не страдаат од некоја болест или неуспешно се обидуваат да ослабат, но тоа не функционира. Ова се должи на метаболичките процеси, а за подобар метаболизам се важни одредени правила, со што овие процеси ќе се одвиваат на најоптимален можен начин.

Ако некој се чувствува слаб и безволен, можно е да страда од бавен метаболизам. Посебен показател за забавените метаболички процеси во телото е и кога се обидувате да изгубите тежина, но со недели, па дури и со месеци, не постигнувате резултати.






Според некои стручни мислења, за да се одржи телесната тежина, треба да се обрне внимание на брзината на метаболизмот. Меѓутоа, што е точно метаболизмот и како може да сме сигурни дека јадеме храна што го зајакнува?

Метаболизам, во основа, е процес на претворање на храната во енергија. Кога човекот има побавен метаболизам, може да доживее зголемување на телесната тежина, замор или сува кожа… Постојат некои фактори кои влијаат на брзината или забавувањето на метаболизмот, како што се возраста и генетската структура – кои едноставно не може да ги контролираме. Сепак, има фактори врз кои имаме влијание, а меѓу нив е и храната што ја јадеме.

Јајца

Вносот на голема количина протеини е клучен за човековиот метаболизам. А, јајцата се одличен начин за зголемување на нивото протеини, бидејќи обично имаат помалку маснотии и калории. Со тоа, телото ќе потроши повеќе енергија за да го процесира протеинот од јајцата, но и подолго ќе се чувствуваме заситени.

Јаткасти плодови и семки

Јаткастите плодови и семињата се сигурен начин на здрава исхрана кога човек е во брзање и бара брза закуска. Како што велат стручњаците, консумирањето ореви или семки дава сѐ што е потребно за постабилен шеќер во крвта, како и природно додавање макро-јаглехидрати, протеини и масти.

Зачинета храна

Познато е дека зачините се одличен начин за забрзување на метаболизмот. Според истражувањето на британскиот „Журнал“ за исхрана, ѓумбирот, црниот пипер, сенфот и ренот и чили-пиперките се одлични за таа намена.

Вода

Водата е една од најважните компоненти… Нѐ одржува сити и го контролира гладот, но и помага во зајакнувањето на метаболизмот, варењето и апсорпцијата на храната и одржувањето редовни движења во дебелото црево.

Авокадо

Според лекарите, авокадото нѐ одржува сити и ни обезбедува витамини, минерали, влакна и масти здрави за срцето. Според една научен труд објавен во „Нутришн журнал“, авокадото  го намалува метаболичкиот синдром кај возрасните, верига состојби како што се висок шеќер во крвта, вишок маснотии во телото и висок притисок кои ја зголемуваат веројатноста од срцеви заболувања.

Фото: Freepik

Поврзани содржини