Медиумите веќе со недели пишуваат за смирувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек, а сите се надеваат дека актерот наскоро ќе ја запроси латино дивата. По прославата на нејзиниот 52. роденден и романтичниот одмор, вљубениот пар се врати во Америка.
Сите го очекуваат нивниот следен чекор, a ако Бен има намера по втор пат да клекне пред Џенифер, би можел да се мачи ако избира прстен, бидејќи оној со кој првиот пат ја запросил, денес вреди дури 12 милиони долари.
Имено, 48-годишниот актер тогаш на четири години постарата пејачка ѝ подари розов дијамантски прстен со шест карати со потпис од Хари Винстон, а потоа му платил 1,2 милиони долари.
Се чини дека тоа била вистинска инвестиција бидејќи дијамантот денес вреди десет пати повеќе, пишуваат светските медиуми.
Не се знае точно каде е денес прстенот што го доби Џенифер пред речиси две децении, но нејзиниот поранешен публицист Роб Шатер верува дека никогаш не му го вратила на поранешниот свршеник и сегашно момче Бен Афлек.
– Колку што знам, Џен никогаш не го врати прстенот. Затоа, ако нивната љубов оди во таа насока да се венчаат, таа веќе го има најубавиот прстен што некогаш сум го видел – заклучил тој.
Бен и Џенифер се запознаа во 2002 година, додека таа сѐ уште беше во брак со нејзиниот втор сопруг Крис Џад. Папараците ја фатија како го бакнува актерот на нејзиниот 32. роденден, а неколку дена подоцна таа поднесе барање за развод.
„Бенифер“, како што тогаш ги нарекуваа медиумите, беше најпознатата двојка во светот на шоубизнисот, а не е ништо помал интересот за нив нути сега кога ја обновија својата љубов. Џенифер наскоро ќе се пресели во Лос Анџелес за да биде што е можно поблиску до Бен, а двојката моментално бара заеднички дом од соништата.
ФОТО: Инстаграм