Тешко оди гаснењето на пожарот во село Умлена поради непристапниот терен

Има многу екипи на терен. Месното население приоѓа, но пожарот засега не е под контрола. Да се надеваме дека со напор, вечерва, утре ќе успееме да го ставиме под контрола. Патиштата се непристапни, со ограничени можности сме со возилата за дејствување. Затоа прилично тешко се одвива гаснењето, нагласи командирот на Одделението во Територијалната противпожарна единица – Берово, Димитар Букушовски.

474

Гори село Умлена, над село Робово, во близина на село Митрашинци, голем потег со дијаметар од 10 километри и претежно борова шума. Гаснењето е отежнато поради непристапниот терен.

Како што вели командирот на Одделението во Територијалната противпожарна единица – Берово, Димитар Букушовски, пожарот е се уште активен иако екипи трет ден учествуваат во негово гасење.






– Има многу екипи на терен. Месното население приоѓа, но пожарот засега не е под контрола. Да се надеваме дека со напор, вечерва, утре ќе успееме да го ставиме под контрола. Патиштата се непристапни, со ограничени можности сме со возилата за дејствување. Затоа прилично тешко се одвива гаснењето – нагласи Букушовски.

– Им благодариме на колегите за напорите кои ги имаат направено за да може да дојдат до тука со две цистерни, неколку возила и со 20-25 пожарникари. На друга позиција се горе. Да се надеваме дека се ќе биде добро. Нивната помош е драгоцена, ќе ни помогне да успееме да го санираме пожарот – истакна Букушовски.

За вакви пожари, со толкав интензитет, оцени тој, има повеќе причини – висока температура, скоро 40 степени, 50 дена без дожд, ветер.

– Голем пожар не настанува случајно и туку така. Пожарот се шири, колку што се моите информации, требаше да се дејствува од воздух, бидејќи вакви комбинирани пожари, приземен, стебло и крошна тешко се гасне од земја и со возила. И возилата ни се со ограничени можности на дејствување. Меѓутоа и хеликоптерите се исто така со ограничени можности, така што, еве, како што гледате, почнува да се шири пожарот. Правиме сè што е во наши можности и напори за да биде локализиран – истакна командирот.

На терен се и пожарникари од Виница.

Според жителка на селото Умлена кое е во непосредна близина на Пехчево, ситуацијата е страшна.

– Пожарот дојде речиси до местото наречено Камен, уште малку да влезе во селото. Куќите не беа загрозени. Главно ја завршија работата, инаку ќе имаше голем беља – рече жителката од селото.

Поврзани содржини