Шведска воведува „бустер“ вакцина против ковид-19
Конечната одлука, меѓутоа, сè уште не е донесена, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.
Шведска размислува во 2022 година да понуди бустер вакцина против коронавирусот за поголем дел од населението, соопштија денеска шведските здравствени власти.
Есенва, како што е наведено, дополнителна доза од вакцината може да почне да и се дава на најзагрозената популација.
Конечната одлука, меѓутоа, сè уште не е донесена, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.
Неколку земји размислуваат да предложат воведување бустер вакцина против коронавирусот во време кога се евидентираат се поголем број случаи на делта варијантата на вирусот.