Земјотрес почувствуван во Скопје, епицентарот во Урошевац

422

Земјотрес беше почувствуван синоќа во Скопје.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML3.3, а од граѓаните на главниот град и околината бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.






Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23 часот и 07 минути го регистрираше земјотресот.

Епицентарот се наоѓал 28 km северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово.

Поврзани содржини