Најпознатата плус-сајз манекенка позираше целосно гола и го истакна трудничкиот стомак (ФОТО)

2,078

Плус-сајз моделот Ешли Греам објави фотографија на инстаграм-стори на која позира целосно гола. Во таа прилика, таа го истакна сѐ поголемиот труднички стомак.

Манекенката, градите ги покрила со раката, а задникот го ишарала на фотографијата. Позирајќи во бањата, Ешли на себе имала само крпа која што ја обвиткала околу косата.






Веста за бременоста манекенката ја објави пред нешто повеќе од две недели на социјалните мрежи. Ешли и нејзиниот сопруг Џастин Ервин го очекуваат второто дете. Таа неодамна направи и фотосесија за бременоста и сподели неколку фотографии на Инстаграм.

„Побрзај бебенце“, напишала покрај фотографиите на кои позира со шешир на главата, користејќи израз што обично го користат каубоите за да забрзаат коњите.

Инаку, Ешли е во брак со Џастин од 2010 година, а двојката има и син, Ајзак, кого манекенката го роди во јануари минатата година.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини