Меси е најдобар фудбалер во светот, мораме да учиме од него, вели Мартинез

Тој е наш, Аргентинец. Тренира максимално, тој е модел за сите. Лео прави сè што не прават другите играчи. Треба да уживаме и да учиме од него. Никогаш нема да го заборавам првиот ден во репрезентацијата, кога влегов во тимот со него на 20 години. Ме прифати. Го гледав како тренира и мислев дека сонувам – вели Мартинез за својот сонародник.

249

Познатиот фудбалер Лионел Меси денес беше наречен „најдобриот фудбалер на светот“ од неговиот колега од Интер, напаѓачот Лаутаро Мартинез. Откако Меси го освои Купот на Америка и првиот трофеј во дресот на Аргентина, тој стана гордост за својата држава.

– Меси е најдобриот играч на светот. Тој е наш, Аргентинец. Тренира максимално, тој е модел за сите. Лео прави сè што не прават другите играчи. Треба да уживаме и да учиме од него. Никогаш нема да го заборавам првиот ден во репрезентацијата, кога влегов во тимот со него на 20 години. Ме прифати. Го гледав како тренира и мислев дека сонувам – вели Мартинез за својот сонародник.






Лаутаро Мартинез ја прокоментира и победата на Аргентина во Купот на Америка.

– Меси е многу среќен што го освои Купот на Америка, ние му помогнавме да му се исполни желбата – трофеј со репрезентацијата. Сега тој победи и јас сум многу среќен за него – истакна Мартинез.

Поврзани содржини