Мицкоски: Заев предложил своја советничка за во Судскиот совет
Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега е претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет. Ова се тие европски вредности на Заев, напиша Мицкоски.
Премиерот Зоран Заев ја предложил за член на Судскиот совет Тања Чачарова Илиевска, која била негов советник, финансиер на СДСМ, како и владин член на бордот на Телеком, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Еве зошто Македонија со власта на Зоран Заев не е правна држава и зошто немаме независно судство. Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа? И зошто со Заев нема да нѐ биде. Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет. Ова се тие европски вредности на Заев“, напиша Мицкоски.