Брнз го брифирала Мицкоски за извршната наредба на претседателот на САД

ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека  на средбата на која присуствувал и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски се разговарало за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

2,147

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да го брифира за извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, за Западен Балкан.

Информацијата за средбата амбасадорката ја објави на Твитер.






Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша Извршна наредба со која се проширува опсегот на вонредни мерки во врска со регионот на Западен Балкан. Наредбата опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

Засега нема објавено имиња на политичари кои би се нашле на оваа црна листа.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека  на средбата на која присуствувал и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски се разговарало за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

Како акутен проблем од страна на Мицкоски бил посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта. Тој  говорел и за злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта.

Мицкоски за спорот со источниот сосед  ја истакнал потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата.

Тој зборувал и за потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот.

 

 

Поврзани содржини