Марихуаната први ја припитомиле Кинезите пред 12.000 години
Соевите кои Кинезите ги одгледувале не се исти со денешната марихуана со која тргуваат компаниите. Тие биле подиви, а со текот на времето се менувале. Сепак, до денешната форма марихуаната дошла преку природната селекција на истребување на еден со друг сој од оние соеви кои биле одгледувани.
Старите Кинези од неолитот веројатно биле првите кои почнале системски да ја одгледуваат и размножуваат марихуаната пред околу 12.000 години, вели истражување во Science Advances. Иако се сметаше дека дивиот канабис потекнува од тибетското плато, нови докази за правење јажиња од коноп, покажуваат дека Кинезите први успеале да ја припитомат билката и од неа да направат неколку различни соеви, додека оригиналната дива сорта засекогаш е изумрена, пишува IFL Science.
Соевите кои Кинезите ги одгледувале не се исти со денешната марихуана со која тргуваат компаниите. Тие се подиви, а со текот на времето се менувале. Сепак, до денешната форма марихуаната дошла преку природната селекција на истребување на еден со друг сој од оние соеви кои биле одгледувани.
Изненадувачки, луѓето не биле голем фактор во менувањето на ликот на оваа билка, иако била масовно култивирана со векови. Култивирањето само помогнало да се создадат неколкуте генетски групи кои ги знаеме денес, а останатото го завршила природата.
За да ја разрешат загатката, авторите на студијата анализирале геноми на 110 различни сорти канабис од целиот свет, вклучувајќи 28 јавно достапни и 82 нови геноми. Со ова тие ги опфатиле сите познати денешни сорти, вклучувајќи ги и дивите.
Од сите гени кои ги анализирале научниците, 134 биле специфични за класична марихуана, а 472 биле гени кои предизвикувале психоактивни својства (кодирајќи го ензимот кој произведува THC). Вторите биле поизразени кај сортите кои се користат за лекување.