Бизнисот го бараше со години: Ќе се носи нов закон за градење

Потребата од донесување на нов закон произлегува од фактот што актуелниот е менуван повеќе од 30 пати и што одредбите во него реално прават проблеми во сите постапки на градењето.

556

Ќе се донесе нов закон за градење за кој веќе е изработена нацрт- верзија и во тек се консултации со стручната јавност. Во него, меѓу другото, се предвидува скратување на постапките за издавање на актите за градење со воведување обединета постапка за сите видови акти, укинување на прекумерниот број позитивни мислења и согласности за градење, како и категоризација на сите градби.

Потребата од донесување на нов закон, како што денеска изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, произлегува од фактот што актуелниот е менуван повеќе од 30 пати и што одредбите во него реално прават проблеми во сите постапки на градењето.






Според него, најважно е во новото законско решение да се пронајдат сите – и оние од високоградбата и и оние од нискоградбата, како и секоја фела што работи во овој сектор.

– По секој цена не сакавме да креираме закон кој би бил штетен како и претходните. Затоа изминатиов период, целата стручна јавност, граѓанските организации и сите други чинители вклучени во оваа проблематика учествувавте во креирање на овој нов закон со свои предлози и решенија – истакна Бочварски.

Стручната јавност смета дека постои можност да се подобри законот во некои негови членови со цел да се направи законско решение кое ќе биде применливо во пракса.

– Како стручна фела оценивме дека постои начин да се подобрат перформанските на овој закон во некои одредени членови со појаснувања и дполнувања и на тој начин да придонесеме и да направиме применлив закон којшто нема да дозволи да се јавуваат недостатоци како претходниот закон – изјави  проф. д-р Горан Мијоски од Градежниот факултет и претседател на Друштвото за патишта.

Со Предлог-законот се уредува материјата на изградба на градби преку која се стимулира просторниот и економскиот развој на државата. Во исто време се стимулира инвестирањето во градење, се зајакнува улогата на стручната јавност и правата на странките и се овозможува разрешување на наталожените децениски проблеми во градежната дејност.

Градежништвото учествува со над 30 проценти во Бруто домашниот производ, вработува преку 40 илјади работници, а поддржува уште 36 други стопански гранки.

 

 

Поврзани содржини