Невреме направи хаос во Цирих: Поплавени улици, урнати дрвја, скршени автомобили ФОТО ВИДЕО

Делови на циришката автобуска и трамвајска транспортна мрежа се запрени бидејќи урнати стебла ги блокираат сообраќајниците, а некои улици биле целосно поплавени.

852

Во Швајцарија наврна рекордно количество дожд кој предизвика поплава и сообраќаен хаос во Цирих.

Синоќа во Цирих наврнале повеќе од 4 сантиметри дожд, потврдило државното радио и ТВ СРФ, пренесува Ројтерс.






Досегашниот национален рекорд датира од август 2018 година кога за 10 минути во Лозана наврнало 4.11 сантиметри дожд.

Делови на циришката автобуска и трамвајска транспортна мрежа се запрени бидејќи урнати стебла ги блокираат сообраќајниците, а некои улици биле целосно поплавени.

Градските власти досега не објавиле податоци за евентуални жртви или повредени во невремето.

EPA-Walter-Bieri

Метеоролошката служба најавила дека дождот ќе продолжи да паѓа и дека би можел да предизвика посериозни поплави особено кај речните корита и околу езерата, а предупредување има за можни свлечишта.

Поврзани содржини