ЕМА: Воспаление на срцевиот мускул и на срцевата обвивка се можни нуспојави од вакцините на Фајзер и на Модерна

Од ЕМА велат дека исто така лицата кои имаат синдром на капиларно течење (ЦЛС) дека не би смееле да се вакцинираат со вакцината на Џонсон и Џонсон. ЕМА во јуни побара ЦЛС да се додаде и на списокот на нуспојави на вакцината на АстраЗенека.

2,052

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја утврдила можноста на ретки воспаленија на срцето и вакцините против ковид-19, на Фајзер/Бионтек и Модерна, и препорача лицата кои имаат ретко нарушување на крвта да не се вакцинираат со Џонсон и Џонсон.

Срцеви проблеми миокрадитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на срцевата обвивка) мора да се наведат како можни нуспојави да двете вакцини, објави Одборот за безбедност на Европската агенција за лекови. Такви случаи се случиле во рок од 14 дена од вакцинација, почесто по втората доза и кај млади и кај возрасни мажи, велат од ЕМА. Тоа се совпаѓа со заклучоците на американските здравствени власти објавени минатиот месец.






Од ЕМА велат дека исто така лицата кои имаат синдром на капиларно течење (ЦЛС) дека не би смееле да се вакцинираат со вакцината на Џонсон и Џонсон. ЕМА во јуни побара ЦЛС да се додаде и на списокот на нуспојави на вакцината на АстраЗенека. И вакцините на АстраЗенека и на Џонсон и Џонсон користат различни верзии на вирусот на настинка за да ги пренесат упатствата за создавање на протеини на коронавирусот и да предизвикаат имунолошки одговор.

Европската агенција за лекови соопшти дека е прерано за да се знае дали ќе бидат потребни повеќе од две дози на вакцина против ковид-19. Се верува дека две дози засега се доволни. Фајзер/Бионтек вчера објавија дека планираат да побараат од американските и од европските регулатори да одобрат довакцинирање со трета доза, врз основа на доказите за зголемениот ризик од зараза шест месеци по вакцинацијата и поради ширењето на делта сојот на вирусот, која првпат е идентификувана во Индија.

Поврзани содржини