Леонардо Да Винчи има 14 живи роднини во Италија: сите се мажи!

14-те мажи роднини на Да Винчи се од околината на градот Винчи од кој потекнувал сликарот. Ако земеме дека тие се врзани со уште 35 луѓе, и мажи и жени, што беше откриено во 2016 година, бројката на потомци се зголемува. Но, чекајте, нели Леонардо немал деца и не бил женет? Како тоа потомци?

1,448

14 мажи од Италија, на возраст од една до 85 години се живите потомци на славниот сликар Леонардо Да Винчи, покажаа испитувања на неговата ДНК, пишува списанието Human Evolution, а пренесува IFL Science. Дали и тие го поседуваат неговиот квинтесенцијален талент?

Во останки од замокот Амбуза, за кои уште се дебатира дали се негови, бил споредуван Y хромозомот кој се чини дека во неговата семејна линија останал непроменет. Истражувачите стигнале до Микеле Да Винчи – предок на Леонардо, со што фамилијарното дрво брои 21 генерација живи потомци.






14-те мажи роднини на Да Винчи се од околината на градот Винчи од кој потекнувал сликарот. Ако земеме дека тие се врзани со уште 35 луѓе, и мажи и жени, што беше откриено во 2016 година, бројката на потомци се зголемува. Но, чекајте, нели Леонардо немал деца и не бил женет? Како тоа потомци?

Идејата е дека тие не се негови директни потомци, но од фамилијарното дрво и со истата крв.

Да Винчи бил геј?

Невкусно е да се коментира дали Леонардо бил или не бил „геј“ иако има поддржувачки факти за тоа. Кога имал 23 години, на пример, тој бил уапсен со уште тројца мажи за содомија. Додека случајот беше отфрлен поради недостаток на докази, се верува дека тој поминал време во затвор за тоа.

Но, додека Леонардо немал деца, неговиот татко имал многу. Леонардо има најмалку 22 полубраќа. Нивните потомци сега се следат, а најцелосното семејно стебло од семејството Да Винчи за цели 690 години е конечно изработено.

Следниот чекор ќе биде потврда дали остатоците навистина му припаѓаат на Леонардо. Ако е тоа така, ДНК може да се искористи за автентикација на уметничко дело, наводно, направено од него, меѓу другите истраги планирани од проектот.

Поврзани содржини