Европското во фудбал и донесе на Шкотска 2.000 нозозаразени со ковид-19
Податоците се однесуваат на првите две недели од Европското првенство кога шкотската репрезентација одигра два натпревари на „Хемпден Парк“ во Глазгов и еден на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Шкотските власти пријавија денеска речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со гледање на натпреварите на ЕУРО2020 на стадиони, јавни собири, во пабови и приватни домови.
Податоците се однесуваат на првите две недели од Европското првенство кога шкотската репрезентација одигра два натпревари на „Хемпден Парк“ во Глазгов и еден на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Заводот за јавно здравје на Шкотска објави дека вкупниот број на заразени навивачи со коронавирус е 1.991
Речиси три четвртини од заразените се на возраст од 20 до 39 години и во девет од десет случаи станува збор за машка популација