За чешкиот претседател трансродовите лица се „одвратни“

- Доколку се подвргнете на промена на полот, тоа во суштина значи дека над себеси сте извршиле злосторство на самоповредување. Секоја операција е ризична и за мене тие трансродови лица се одвратни, рече Земан.

484

Чешкиот претседател Милош Земан во телевизиско интервју во недлата, осврнувајќи се на неодамна донесениот закон во Унгарија со кој во училиштата се забранува содржина со ЛГБТИ теми, рече дека смета оти трансродовите лица се „одвратни“.

Земан во интервју за телевизијата CNN Prima NEWS го коментираше новиот унгарски закон чија цел е да ги заштити малолетниците од промоција и прикажување хомосексуални материјали, а го искажа и својот став кон промената на полот.






– Доколку се подвргнете на промена на полот, тоа во суштина значи дека над себеси сте извршиле злосторство на самоповредување. Секоја операција е ризична и за мене тие трансродови лица се одвратни – рече Земан.

Унгарскиот закон кој наиде на осуда во неолибералните бирократски елити во Европската унија и од нив поддржаната опозиција во Унгарија, ги забранува ЛГБТИ содржините во училиштата и редовниот процес на образование, а е критикуван поради наводно „стигматизирање и дискриминирање“ на припадниците на оваа заедница.

Минатата седмица на самитот на ЕУ, холандскиот премиер Марк Руте во чијашто земја се разгледува иницијативата да се исклучи од кривичниот законик сексот со деца од 12 години, му порача на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја напушти Унијата „ако не сака да ги почитува правата на ЛГБТИ лицата“.

 

 

 

Поврзани содржини