Што бара Бугарија за да го тргне ветото за ЕУ?

Софија, инсистира Македонија, да ги повлече, како што се вели, своите малцински претензии против Бугарија, потврдувајќи дека нема историски, етнички или други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе, кои не се нејзини државјани, на територијата на Република Бугарија.

975

Бугарија беше принудена да ја одложи поддршката за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ на состанокот на Советот за општи работи, се вели во денешното соопштение на бугарското министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведени и петте точки од разговорите меѓу македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Софија со бугарскиот државен врв на 17 јуни годинава. Според бугарското МНР првата точка од договореното е македонската делегација да потврди пред ОН дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, чиј дел се наоѓа во рамките на суверените граници на Бугарија.






По испраќањето на оваа вербална белешка, како што се вели, Бугарија веднаш ќе престане да инсистира на единствена употреба само на долгото име „Република Северна Македонија“ во ЕУ и меѓународните организации.

Софија, инсистира на тоа Република Северна Македонија, да ги повлече своите малцински претензии против Бугарија, потврдувајќи дека нема историски, етнички или други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе, кои не се нејзини државјани, на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во член 11 став 5 од Договорот од 2017 година.

Република Северна Македонија мора да започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија, поради нивната бугарска самосвест. Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија, во пракса би го одразувал заедничкиот европски цивилизациски избор на земјата, се вели во документот.

Република Северна Македонија мора да ја прилагоди со Бугарија содржината на нејзините наставни програми со цел објективно да ја рефлектира нашата заедничка историја, зацртана како централен елемент на Договорот за соседство, како и со цел да се елиминира образовната содржина што предизвикува омраза кон Бугарија (член 11 став 6). Документот, исто така, предлага идентификување заедно со Бугарија и отстранување на знаци и натписи на територијата на Република Северна Македонија, кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите.

Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев, денеска испратил писмо до својот колега министерот Бујар Османи, во кое изразува очекување за спроведување на преземените обврски од Република Северна Македонија, како и подготвеност на бугарската страна да најде трајни и одржливи решенија. Без оглед на предизвиците, Република Бугарија и Република Северна Македонија треба да развиваат целосни, искрени, предвидливи и засновани на Договорот за соседство, односи во сите области. Нашата земја обезбеди безброј докази за својата подготвеност за ова. Бугарската страна изразува подготвеност за конструктивен дијалог и за време на претстојното словенечко претседателство, како и за време на следните претседателства на Советот на ЕУ, со цел да се постигнат реални и одржливи резултати во процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, што несомнено би било од полза за целиот регион и неговата европска иднина.

Поврзани содржини